Настани

Студиска посета во Словенија (Љубљана) – Од 6-ти до 9-ти септември 2021, 14 претставници од пет земји, учествуваа во студиска посета на Емона (Љубљана). Учесниците зборуваа за процесите на гемификација на различни археолошки локалитети и примената на имерсивните технологии во музеите.

Студиска посета на Солун (Грција) – Од 12 до 18 јули, 2021, партнерите на проектот ја посетија Грција. Тие имаа можност да зборуваат за развивањето на имерсивните технологии и како да ги користат дигиталните алатки за зајакнување на културното искуство. Учесниците реализираа и посета на археолошкиот парк ДИОН.

Студиска посета на С. Македонија – Од 31 мај до 3 јуни 2021, претставници на седум партнери од  Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Република С. Македонија, учествуваа во студиска посета на археолошкиот локалитет „Стоби“. Посетата беше со цел да се мапираат, утврдат капацитетите на институциите во областа на културата, за користење на дигиталните технологии за промоција и дисеминација на културното наследство.