Од 31 мај до 3 јуни претставници на седум партнери од шест држави, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Р.С. Македонија, учествуваа на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби со цел мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологии во промоција и дисеминација на богатото културно наследство.
Тоа е дел од двегодишниот проект „Соработка за имерзивно раскажување за дисеминација на културното анседство во Западен Балкан“ кој Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 од Скопје како партнер лидер на проектот со НУ Стоби, организират низа работилници во Стоби. Инаку проектот е поддржан од Европската Комисија од програмата на „Креативна Европа“.
Зорица Велковска од БЛИНК 42-21, истакна дека сите партнери кои беа во студиската посета на археолошкиот локалитет Стоби учествуваат на низа работилници за мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологии во промоции и дисеминација на богатото културно наследство.
Таа информира дека партнерите на проектот во Стоби имаа можност да ја гледаат и првата апликација за виртуелна реалност „Гладијаторите се враќаат во Стоби“ којашто лани се воведе во туристичката понуда како тура во Стоби.
Таа претставува осум минутно виртуелно доживување каде посетителите во Стоби можат да погледнат еден гладијаторски перформанс во амфитеатарот во виртуелна реалност.
Велковска напомена дека токму таа апликација беше основа за креирање на оваа двегодишна соработка за партнерите и за новиот проект.
Додава овој нов проект ќе се овозможи нов модел за користење на дигитални технологии во унапредување на искуството на три археолошки локалитети Стоби во Р.С. Македонија, Виминациум во Србија и Емона во Словенија.
