ИМЕРСИВНО РАСКАЖУВАЊЕ ПРИКАЗНИ

 
Културното наследство претставува неверојатна можност за соработка на културниот и креативниот сектор. Неговата вредност лежи во потенцијалот за раскажување приказни што го нуди. На посетителите често им недостасува ангажман, можности за учење и за споделување на релевантните информации на креативен и концизен начин.
 
Општо, споделувањето информации на локалитетите за културно наследство на Западен Балкан е проблематично, бидејќи немаат добра визуелна презентација и не нудат ангажман на публиката. Потребите, како и опсегот на внимание на публиката, драстично се менуваат, така што институциите мора да се прилагодат на новата средина и современата дигитална промена.
Високо конкурентниот пазар за привлекување на публика бара од нив да развијат нови стратегии и да поттикнат прогресивна соработка што ќе им овозможи да се истакнат и да успеат. Ова бара создавање иновативна соработка за дисеминација, базирана на употреба на напредни технологии и подобрување на корисничкото искуство. Овие предизвици не се единствени за институциите за културно наследство на одредена земја, туку се карактеристични за целиот Западен Балкан.
 
Затоа, неопходна е нова соработка раководена од раскажување приказни, со намера да се изградат капацитетите на гореспоменатите институции со конечна цел да развијат имерзивни искуства при раскажувањето приказни за посетителите на локалитетите на културното наследство. Овој проект дополнително ќе ја прошири соработката помеѓу проектните партнери и ќе обезбеди основа за развој на капацитетите на културните институции за истражување на можностите за имерзивно раскажување приказни во креирање наративи и искуства што ќе привлечат нова публика и ќе ги прошират вредностите на културното наследство понатаму.