Проценка за развој на раскажување приказни
Работилница на Археолошкиот локалитет Стоби во Северна Македонија
Датум: 31 мај – 3 јуни 2021 година

Ова беше тридневен настан кој обезбеди заеднички работни и теренски посети за 14 учесници од партнерите на проектот. Целта на работилницата беше да обезбеди проценка на капацитетите на институциите за културно наследство за користење нови технологии и развивање имерзивни нарации за раскажување приказни привлечни за нова публика. За време на работилницата, сите партнери работеа заедно кон мапирање на капацитетите на институции за културно наследство во земјите од Западен Балкан, преку случаите на археолошките локалитети Стоби, Виминациум и Емона. Оваа работилница ги зголеми капацитетите и воспостави модел за соработка помеѓу културната и креативната индустрија со цел прилагодување кон дигиталната промена преку обезбедување имерзивно искуство низ раскажување приказни за посетителите за остатоците од римскиот период.
ПРОГРАМА:
31 мај, понеделник, ден на пристигнување
Разгледување на градот во Скопје
01 јуни, вторник
Работен ден
10: 00- 10:30 Воведна сесија
Милан Танчески, извршен менаџер и Зорица Велковска, проект менаџер во Центарот за социјални иновации Блинк 42-21
10: 30- 11:30 Развивање наративи за имерзивно раскажување приказни
Стефан Палитов, развивач на искуство (TBC)
11: 30-12: 00 Пауза за кафе
12: 00- 12:30 Презентација на најдобрите искуства од културното наследство
Стефан Палитов, развивач на искуство (TBC)
12: 30- 13:00 Отворена дискусија и заклучоци
13: 00- 15:00 Слободно време
15:00 -16.30 Мапирање на капацитетите на институциите за културно наследство за користење дигитални технологии, дел 1
- Презентација Археолошки локалитет Стоби, Северна Македонија
Димитар Николовски, археолог
- Презентација VR апликација „Гладијаторите се враќаат во Стоби“
Зорица Велковска, Блинк 42-21 & Димитар Николовски, НУ Стоби
16.30- 17:00 Кафе пауза
17: 00-18: 30 Мапирање на капацитетите на институциите за културно наследство за користење дигитални технологии, дел 2
- Презентација Археолошки институт Белград, Србија – Иван Богдановиќ, археолог
- Презентација Археолошки парк Виминациум – Иван Богдановиќ, археолог
18: 30-19: 00 Отворена дискусија и заклучоци
19:00 Слободно време
02 јуни, среда
Ден на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби
09:00 Поаѓање кон Археолошкиот локалитет Стоби
10: 30- 12:30 VR скуство на Археолошкиот локалитет Стоби
12:30 -13: 30 Отворена дискусија и заклучоци
13: 30-14: 00 Патување до винаријата Стоби
14: 00-16: 30 Ручек во винаријата Стоби
16:30 Поаѓање за Скопје
18:00 Слободно време
03 јуни, четврток
Ден на заминување
Време за дружење