Студиската програма во Солун, Грција ќе се одржи од 12 -ти јули до 18 -ти јули 2021 година. Овој настан ќе собере претставници од партнерските организации на проектот. Предвидената програма ќе воспостави имерзивен модел за соработка воден од раскажувањето приказни за културното наследство на Западен Балкан и сите партнери ќе имаат можност да истражуваат и да соработуваат во развојот на содржини за различни имерзивни искуства за археолошките локалитети Стоби, Емона и Виминациум. Учесниците ќе научат како технологијата и различните дигитални алатки, како апликацијата МАR и VR, може да се користат за подобрување на културното искуство.
